Достапни линкови

logo-print

Во ЕУ пораст на бројот на азиланти во 2013 година


Во минатата година биле евидентирани над 435 илјади луѓе кои барале меѓународна заштита во земјите членки на Европската унија. Ова се наведува во најновиот Годишен извештај за состојбата со азилантите во Унијата во кој се оценува дека станува збор за најголем број баратели на азил од 2008 година кога почна да се забележуваат ваквите податоци. Во извештајот се става фокус врз три подрачја од каде што доаѓаат азилантите: Сирија, Русија и Западен Балкан. Од земјите од Западен Балкан лани имало пораст на барателите на азил за 30 насто во споредба со 2012 година, односно над 72 илјади и 800 апликации. Најголем број азиланти имало во Германија, Франција, Шведска, Британија и Италија.

XS
SM
MD
LG