Достапни линкови

Хаменеи: САД и Израел со Иран си играат добар и лош полицаец


Иранскиот Врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи

Иранскиот Врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи

Иранскиот Врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи изјави дека Соединетите држави и Израел си играле „добар и лош полицаец“ за да ја заплашат неговата земја во правењето отстапки во нуклераниот спор со Западот. Конечната рунда на преговорите за ова прашање во Виена би требало да заврши до 20 овој месец. Изреал постојано се заканува дека ќе ги нападне иранските нуклеарни поставки. Хаменеи изјави дека израелците нема да го остварат тоа бидејќи Иран бил премногу блиску до нивната земја. „Непријателот нема друга опција освен да се заканува и да воведува санкции“, изјавил тој.

XS
SM
MD
LG