Достапни линкови

logo-print

ФИФА: нема допингувани фудбалери на Мундијалот


Светската фудбалска федерација ФИФА соопшти дека сите примероци на допинг тестовите на Светското првенство во Бразил биле „чисти“.

Светската фудбалска федерација ФИФА соопшти дека сите примероци на допинг тестовите на Светското првенство во Бразил биле „чисти“.

Шефот на медицинскиот тим на ФИФА Јиржи Дворжак изјави дека ниту еден фудбалер кој бил тестиран до четвртфиналните мечеви, не бил позитивен.

Сите примероци земени, пред и по натпреварите, биле тестирани во лабораторија на Светската антидопинг агенција во Лозана.

Дворжак додал дека сите 736 играчи дале примерок на крв за своите биолошки пасоши.

На светските првенства ниту еден фудбалер не паднал на тестот уште од 1994 година, кога легендарниот аргентинец Диeго Марадона бил позитивен на ефедрин.

XS
SM
MD
LG