Достапни линкови

logo-print

На Мундијалот вечер прв полуфинален меч


Репрезентацијата на Германија вечер во Бело Хоризонте ќе игра против домаќинот Бразил во првиот полуфинален меч на Светското првенство во фудбал. Тоа ќе биде по втор пат двете фудбалски сили да се сретнат на еден Мундијал. Првпат тоа беше во финалето на Купот во 2002 година во Јокохама, Јапонија во кое Бразил победи со 2:0. Бразил ќе игра без Нејмар кој беше повреден на натпреварот со Колумбија, како и без капитенот Тиаго Силва поради два жолти картона. Бразил има пет, додека Германија три светски титули во фудбал.

XS
SM
MD
LG