Достапни линкови

Убиени НАТО војници во Авганистан


Во источниот дел на Авганистан денеска дошло до голем напад на бунтовниците. НАТО мисијата во таа земја соопшти дека во нападот загинале најмалку четворица војници на Алијансата, но притоа не е наведено за чии војници станува збор. Во меѓувреме, агенцијата Ројтерс цитира полициски извори кои рекле дека во нападот, извршен од бомбаш самоубиец во источната провинција Парван, загинале најмалку шест НАТО војници, двајца полицајци и 10 цивили.

XS
SM
MD
LG