Достапни линкови

Mинистерот Јолевски во работна посета на САД


Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Пентагон, Вашингтон, ќе оствари работна средба со американскиот помошник секретарот за одбрана Дерек Колет, задолжен за меѓународни безбедносни работи. На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана ќе се разговара за одбранбената соработка меѓу Македонија и САД, како и за идниот ангажман на АРМ во новата мисија во Авганистан „Одлучна поддршка“. Претходно, како што е најавено, министерот Јолевски ќе оствари средба и со конгресменот Мајк Конавеј, член на Комитетите за одбрана и за разузнавање на разговори за Македонија и НАТО. Јолевски ќе има и работен ручек со 20-тина претставници на Белата куќа, Пентагон, Стејт Департманот, како и повеќе институти кои прават анализи за светската безбедносна ситуација и улогата на НАТО.

XS
SM
MD
LG