Достапни линкови

Егејската средба веќе нема да се одржува засебно


По 34-годишна традиција годинава за првпат нема да се одржи одделена средба на Македонците од Егејска Македонија во битолското село Трново. Таа се соединува со Иселеничката средба на Светскиот македонски конгрес за Втори август, Илинден.

По 34-годишна традиција годинава за првпат нема да се одржи одделена средба на Македонците од Егејска Македонија во битолското село Трново. Таа се соединува со Иселеничката средба на Светскиот македонски конгрес за Втори август, Илинден. За новината постои разногласие меѓу старото и новото раководство на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија кое со години ги организираше егејските средби.

Mинатата година излезе со барање Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров да се укинат овие средби и да се одржуваат едни единствени средби Илинденски денови. На тоа се спротивставив јас, се спротивставија сите од одборот и тогашниот претседател си даде оставка.

Поранешниот претседател Никола Костурски вели дека откако се побунил на ваквата идеја, случајно или не, бил лустриран.

Никола Костурски.

Никола Костурски.

„Она што не им успеа на комунистичките власти во поранешна Југославија да ги укинат средбите на Македонците од егејскиот дел на Македонија, минатата година излезе со барање Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров да се укинат овие средби и да се одржуваат едни единствени средби Илинденски денови. На тоа се спротивставив јас, се спротивставија сите од одборот и тогашниот претседател си даде оставка“, вели Костурски.

Сметаме дека ова обединување ќе ги поттикне Македонците од сите делови на Македонија и од целиот свет на семакедонско обединување.ф

Сегашниот претседател на здружението Христо Гаков со различен став.

„Сметаме дека ова обединување ќе ги поттикне Македонците од сите делови на Македонија и од целиот свет на семакедонско обединување, заедно да работиме за Македонија. Остануваме обединети за трајно решение на македонското прашање и враќање на државјанствата, имотните и наследните права на протераните Македонци од Егејска Македонија“, вели Гаков.

Деновиве беше потпишан договор обединување на двата настана во единствена Семакедонска средба.

„Овој договор е прилог кон семакедонското помирување и обединување. Истовремено и повик до Македонците од сите делови на Македонија и до целиот свет за единство во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата“, изјави Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес.

На Егејската средба во Трново редовно се испраќаа пораки за враќање на имотите и државјанствата на протераните Македонци од Грција. Дури и Никола Груевски првата година кога стана премиер дојде на средбата и им вети на Македонците протерани од егејскиот дел на Македонија дека ќе отвори дијалог со Грција за нивно репатрирање.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG