Достапни линкови

Вигенин-Јужен тек значаен за Бугарија и Југоисточна Европа


Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин

Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин

Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин му соопштил на неговиот руски колега Сергеј Лавров дека гасоводот Јужен тек е многу значаен за земјата и за Југоисточна Европа. Тој исто така нагласил дека Бугарија се надева оти дијалогот со Европската комисија ќе помогне да започне неговата реализација. Бугарските власти во мај соопштија дека ја замрзнуваат реализацијата на нивниот дел од гасоводот, кој има за цел да го испорача рускиот гас преку Црното море и Балканот до Европа.

XS
SM
MD
LG