Достапни линкови

Прелиминарни резултати од изборите во Авганистан


Броењето на гласовите во Авганистан

Броењето на гласовите во Авганистан

Авганистанската независна изборна комисија денеска ги соопшти прелиминарните резултати од вториот круг на претседателските избори во земјата. Според нив, Ашраф Џани освоил 56,44 проценти од гласовите, а Абдуал Абдулах 43,56. Комисијата наведе дека резултатите се прелиминарни и може да бидат променети откако ќе биде завршена ревизијата за наводните нерегуларности, по што гласовите може да се сметаат за неважечки. Комисијата побара од двата кандидати да ги смират тензиите. И двајцата кандидати се обвинуваа меѓусебно за манипулација со резултатите. На 22 јули ќе бидат објавени крајните резултати.

XS
SM
MD
LG