Достапни линкови

logo-print

Вучиќ-Србија сака во ЕУ, без да ги наруши односите со Русија


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со рускиот премиер Дмитриј Медведев во Москва изјави дека Србија сака да стане дел од ЕУ, но дека не сака да ги нарушува односите со Русија. Во однос на проектот „Јужен поток“, Вучиќ нагласи дека останале само техничките прашања кои брзо ќе се затворат. Медведев изјави дека двете земји се подготвени наскоро да потпишат спогодба за „Јужен поток“, кој е приоритетен проект за Русија. Вучиќ додаде дека Србија ги поддржува сите мировни иницијативи на рускиот претседател Владимир Путин во врска со Украина.

XS
SM
MD
LG