Достапни линкови

EK-Повеќе азилати од Западен Балкан, отколку од Сирија


Еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром

Еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром

Европската комисија соопшти денеска дека граѓаните од земјите на Западен Балкан во минатата година поднеле повеќе барања за азил во ЕУ, отколку Сиријците. Еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром изјави дека тоа е многу сериозно прашање кое значително го оптоварува системот. Во извештајот се посочува дека барањата за азил од Србија, Македонија, БиХ, Албанија, Црна Гора и Косово го надминале бројот на апликации од Сирија, а Србија е убедливо прва со околу 22.500 од вкупно 78.000 азиланти од регионот.

Во 2013 година, во однос на претходната година, бројот на азиланти од Македонија и БиХ драстично се зголемил, главно на припадници од ромска националност. Според Малстром, и покрај добрата соработка со земјите и напорите да се намалат азилантите, тоа е без успех.

XS
SM
MD
LG