Достапни линкови

logo-print

Груевски-Државата нема да дозволи да ескалираат протестите


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека ниту една држава не ги поддржува протестите во кои се употребува насилство. Тој кометирајќи ги протестите по пресудата во случајот Монструм потенцира дека државата и институциите имаат капацитет да се справат со вакви, но и со многу понепријатни ситуации.

Според него, Министерството за внатрешни работи професионално си ја извршило задачата и порача дека државата нема да дозволи протестите да ескалираат до таква мера да ги загрозат интересите на граѓаните или на институциите. Постојат одредени групи, како што наведува тој, кои се обидуваат да долеат масло на огнот заради некоја своја лична агенда, која, не е државна.

XS
SM
MD
LG