Достапни линкови

logo-print

Лавров се сретна со бугарскиот премиер и претседател за Јужен тек


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Софија оствари среда зад затворени врати со бугарскиот премиер и претседател, Пламен Орешарски и Росен Плевниев. Во фокусот на разговорите биле проблемите околу изградбата на гасоводот Јужен тек. Во интервју за локалните медиуми Лавров изјави дека членството на Бугарија во ЕУ нема да има негативно влијание врз заедничките енергетски проекти од кои ќе профитираат и двете страни. Јужен тек се соочува со проблеми поради загриженоста на Брисел дека со него се кршат антимонополските закони на ЕУ.

XS
SM
MD
LG