Достапни линкови

logo-print

Нигерија-63 киднапирани девојки успеале да се ослободат


Властите во Нигерија соопштија дека 63 девојки кои беа киднапирани пред две недели од исламската милитантна група Боко Харем успеале да побегнат. Тие успеале да се ослободат откако нивните киднапери отишле да спроведат напад против војската во Дамбоа. Боко Хорам ги киднапираше девојките за време на нападот на едно село во средината на јуни. Во април, групата киднапираше повеќе од 276 тинејџерки, од кои 57 успеаа да избегаат, останатите се уште се водат за исчезнати.

XS
SM
MD
LG