Достапни линкови

Хрватска нема да ја спречува Србија на патот кон ЕУ


Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ нагласува дека Загреб нема да ја сопира Србија на патот кон Европската унија и оценува дека присуството на германскиот канцелар Ангела Меркел на состанокот на лидерите на ЈИЕ, на 15 јули во Дубровник, покажува поддршка за проширување на ЕУ.

Во интервју за денешни Новости, пред третиот состанок Брдо Бриони процес, Јосиповиќ вели дека доаѓањето на Меркел значи дека Европската унија сака да продолжи со ширење на Балканот.

Јосиповиќ нагласува дека хрватскиот Сабор донел декларација со која „јасно укажува за тоа дека соседите нема да се уценуваат и сопираат во нивните напори за влез во ЕУ“. Тој нагласи дека решавањето на отворените прашања ќе биде важно за оцена на исполнување на условите.

XS
SM
MD
LG