Достапни линкови

Меркел во посета на Кина


Архивска фотографија: Кинескиот претседател Кси Џинпинг и германската канцеларка Ангела Меркел.

Архивска фотографија: Кинескиот претседател Кси Џинпинг и германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел заедно со голема бизнис делегација пристигна во Пекинг на разговори со кинеското раководство. На нејзината седма посета на Кина како канцелар, Меркел денеска ќе се сретне со премиерот Ли Кекианг, а потоа ќе учествува на средбата на Кинеско-германската комисија за економија и трговија. Подоцна, таа ќе се сретне со претседателот Кси Џинпинг, кој го посети Берлин во март. Меркел вчера слета во градот Ченгду во југозападниот дел на Кина, каде што се сретна со членови на Форумот за германско-кинески дијалог и ја посети фабриката на Фолксваген. Трговската размена меѓу двете земји лани беше околу 140 милијарди евра. Кина е трет најголем трговски партнер на Германија.

XS
SM
MD
LG