Достапни линкови

logo-print

Лавров во Софија и Љубљана за „откочување“ на Јужниот тек


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ги посети Бугарија и Словенија денеска и утре, каде што се очекува со неговите домаќини да разговара за проблемите околу изградбата на гасоводот Јужен тек. Гасоводот треба да го доведе рускиот гас преку Црното Море до Бугарија, Србија, Словенија, Унгарија и Австрија. Сепак, проектот се соочува со проблеми поради загриженоста на Брисел дека со него се кршат антимонополските закони на ЕУ. Руското министерство за надворешни работи во пресрет на посетата соопшти дека учесниците во Јужниот тек треба да бидат способни да ги „почитуваат своите обврски“ во изградбата на гасоводот. Денеска во Софија Лавров треба да разговара со неговиот бугарски колега Кристијан Вигенин, со претседателот Росен Плевенлиев, како и со премиерот Пламен Орешарски. Утре, пак, е предвидено во Љубљана да се сретне со претседателот Борут Пахор, како и со министерот за надворешни работи и в.д. вицепремиер Карл Ерјевац.

XS
SM
MD
LG