Достапни линкови

logo-print

Украина продолжува со офанзивата, бунтовниците најавуваат партизанска војна


Украинскиот претседател Петро Порошенко најави дека Киев ќе ја продолжи воената офанзива против проруските сепаратисти во источна Украина. Оценувајќи дека враќањето на контролата врз градот Славјанск е голема „пресвртна точка“, тој вчера им нареди на украинските сили да продолжат со офанзивата во регионите на Доњецк и Луганск. Министерот за одбрана Валериј Хелетеј соопшти дека освен врз големите градови Славјанск и Краматорск, украинските сили ја презеле контролата и врз уште два помали града кои беа под контрола на бунтовниците. Сепаратистичкиот лидер Павел Губарев соопшти дека милитантите ќе одговорат на владината офанзива со почнување „партизанска“ војна во Доњецк, каде што се верува дека се концентрирани најголемиот дел од бунтовниците.

XS
SM
MD
LG