Достапни линкови

logo-print

Седуммина борци на Хамас убиени во израелските воздушни напади


Илустрација.

Илустрација.

Хамас соопшти дека седуммина нивни борци загинале во израелските воздушни напади. Израелската армија вели дека вчерашните напади се одговор на „ракетните напади врз јужниот дел на Израел“. Хамас информира дека нападите биле извршени врз собирен пункт на нивните членови во Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, на границата со Египет. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на вчерашната владина седница рече дека „ќе направи сè уште е потребно“ да се врати мирот во заедниците во јужен Израел. Тензиите меѓу Израел и Палестинците се зголемија по убиството на палестински тинејџер минатата недела. Се верува дека убиството е одговор на претходното убиство на тројца еврејски тинејџери.

XS
SM
MD
LG