Достапни линкови

Новинарот Бесим Ибраими сè уште не е ослободен


Новинарот-практикант на весникот Лајм на албански јазик, Бесим Ибраими, кој беше уапсен за време на вчерашните протести пред Општина Чаир сè уште не е ослободен, информира претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Ибраими треба да биде изведен е пред истражен судија кој треба да одлучи дали ќе му одреди 30 дена притвор или ќе го ослободи.

„Срамно, во Македонија стана пракса да се затворат новинарите. Опасно е полицијата да приведува новинари под обвинение дека учествувале на протести. Дали тоа значи дека власта со вакви приведувања се обидува да ги одврати новинарите одблиску да ги следат протестите? Колеги, ситуацијата е сериозна, бидете внимателни како ги следите протестите, носете на видно место новинарска легитимација, не се доближувајте многу до протестантите, да не дадете повод на некој да ве обвини за што било“, вели Селмани и додава дека според она што вчера го чул во полициска станица и во разговор со адвокатот, новинарите многу лесно може да бидат приведени, а дури потоа ќе бараат докази дали се виновни.

ЗНМ за случајот веќе ги информирало сите странски претставништва и мисии во земјата, објави Нова ТВ.

XS
SM
MD
LG