Достапни линкови

Неколкумина уапсени за убиството на палестинско момче во Ерусалим


Израелските власти наводно уапсиле неколку лица, веројатно Евреи, поради киднапирањето и убиството на палестински тинејџер. Тамошните медиуми објавија дека се уапсени шест лица во врска со убиството кое предизвика протести и немири во Израел. Палестинското момче беше киднапирано минатата недела во неговиот дом во Источен Ерусалим, а подоцна неговото безживотно тело беше пронајдено во блиската шума. Палестинците сметаат дека тој е убиен од еврејски екстремисти како одмазда за претходното убиство на тројца еврејски тинејџери. Израелски претставник за агенцијата АП изјавил дека истрагата утврдила дека убиството е извршено од националистички побуди.

XS
SM
MD
LG