Достапни линкови

Авганистанската влада го отфрли предлогот да го забрани Фејсбук


Авганистанската влада го отфрли предлогот да го забрани Фејсбук за време на актуелната постизборна криза. Одлуката денеска ја донел Советот за национална безбедност. Минатата недела сенаторите ја повикаа владата да го забрани Фејсбук додека новиот претседател не положи заклетва, велејќи дека преку социјалната мрежа се разгоруваат етничките тензии. Фејсбук стана арена за ширење говор на омраза меѓу поддржувачите на кандидатите Абдула Абдула и Ашраф Гани. Абдула го поддржуваат Таџиците на северот на земјата, додека Гани е миленик на Паштуните од југот и источните делови на Авганистан, со што се повторуваат етничките поделби од граѓанската војна во 90-тите години од минатиот век. Првичните резултати од изборите се очекува да бидат објавени утре, но Абдула рече дека нема да ги прифати резултатите, обвинувајќи ја голема изборна измама во корист на Гани.

XS
SM
MD
LG