Достапни линкови

logo-print

Со надзорот на НСА опфатени најмногу обични корисници на интернет


Една студија за комуникациите пресретнати од американската Национална агенција за безбедност(НСА) покажува дека обичните корисници на интернет се далеку побројни од странските државјани над кои законски бил насочен надзорот. Во текстот што вчера беше објавен на интернет сајтот на весникот Вашингтон Пост се наведува дека речиси половина од овие надзорни досиеја содржеле имиња, е-маил адреси и други детали што НСА означила дека им припаѓаат на американски државјани или жители. Огромната база на податоци за пресретнати комуникации на Вашингтон Пост му ја предал поранешниот аналитичар на НСА, Едвард Сноуден. Весникот наведува дека во документите имало и откритија со значителна разузнавачка вредност како „нови откритија за таен нуклеарен проект во странство, но и „дволично однесување од божемен сојузник“. Следењето на комуникациите довело и до апсење на осомничени за тероризам, како што е Умар Патек, кој е осомничен за бомбашкиот напад на островот Бали во Индонезија во 2002 година.

XS
SM
MD
LG