Достапни линкови

Тројца тешко повредени во тепачка во Костарика по поразот од Холандија


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку три лица се потешко повредени по синоќешниот дуел на Мундијалот меѓу Холандија и Костарика. Немилиот настан се случил во главниот град на Костарика, Сан Хозе, каде сè било подготвено за ново славење, односно каде над 5 илјади луѓе јавно го следеле четвртфиналниот дуел на СП во Бразил меѓу Костарика и Холандија. Сепак, навидум мирната ноќ ја прекинала масовната тепачка во која најмалку три лица се здобиле со тешки повреди.

Во соопштението издадено од полицијата се наведува, дека при тепачката на плоштадот „Демократија“ две од повредените лица се прободени со нож, а третото со стаклено шише. Полицијата уапсила осум лица за кои се сомнева дека учествувале во нередите.

XS
SM
MD
LG