Достапни линкови

Воздушни напади врз Појасот Газа


Израелската армија извршила воздушни напади врз 10 локации во Појасот Газа. Според армијата, цел на утринските напади биле упоришта на милитантите, како и постројки за производство на оружје. За време на викендот цели во Израел беа гранатирани од Појасот Газа. Претходната недела имаше судири меѓу израелската полиција и палестинските демонстранти. Тензиите се засилија откако палестински тинејџер беше киднапиран од неговиот дом во Источен Ерусалим, а неговото безживотно тело подоцна беше најдено во блиската шума. Полицијата соопшти дека сè уште го истражува неговото убиство, но Палестинците тврдат дека тој е убиен од еврејски екстремисти, како одмазда за убиството на тројца еврејски тинејџери што се случи претходно.

XS
SM
MD
LG