Достапни линкови

Киднапирани инженери од Македонија, БиХ и Италија во Либија


Илустрација.

Илустрација.

Tројца инженери од Македонија, Босна и Херцеговина и Италија, што работеле за италијанска градежна компанија, најверојатно се киднапирани Либија, објави италијанската агенција АНСА. Автомобилот на тројцата инженери е пронајден кај градот Зувара, западно од Триполи.

„Тие се исчезнати и веруваме дека се киднапирани“, изјави претставник на либиските власти.

Македонецот Емилио Гафури, Италијанецот Марко Валиса и Босанецот Петар Матиќ се вработени во италијанската фирма „Пјачентини Конструциони“ од Модена.

XS
SM
MD
LG