Достапни линкови

Протест против загадувањето од скопска Железарница


Архивска фотографија: Протест против загадувањето на воздухот од Железарница во Скопје на 2 јули 2014.

Архивска фотографија: Протест против загадувањето на воздухот од Железарница во Скопје на 2 јули 2014.

Жители на скопските населби Автокоманда и Железара денеска повторно протестираа пред влезот на фабриката Железарница, поради натамошното загадување од компанијата „Макстил“, на која владата до есен ѝ го пролонгираше рокот за поставување на стандардизирани филтри, пренесува ТВ Телма.

Жителите бараат фабриката итно да престане со загадувањето или нејзино затворање сè додека не ги исполни еколошките стандарди. Во знак на протест беше блокирана и главната крстосница. Од Министерството за животна средина велат дека најпрво треба да се заврши мерењето на загаденоста на воздухот, па потоа евентуално да се преземат мерки.

XS
SM
MD
LG