Достапни линкови

Лавров во Бугарија и во Словенија ќе го „откочува“ Јужниот тек


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ги посети Словенија и Бугарија на 7 и 8 јули, каде што се очекува со неговите домаќини да разговара за проблемите околу изградбата на гасоводот Јужен тек. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Лавров ќе разговара со неговиот бугарски колега Кристијан Вигенин, како и со премиерот Пламен Орешарски во Софија. Во соопштението се наведува дека Русија „се надева на имплементација на проектот за изградба на бугарскиот дел“ од Јужниот тек. Проектот е одложен поради загриженоста на Брисел дека со него се кршат антимонополските закони на ЕУ. Во Љубљана, пак, Лавров ќе се сретне со претседателот Борут Пахор, како и со министерот за надворешни работи и в.д. вицепремиер Карл Ерјевац. Руското министерство за надворешни работи соопштува дека учесниците во Јужниот тек дека да бидат способни да ги „почитуваат своите обврски“ во изградбата на гасоводот кој треба да го доведе рускиот гас преку Црното Море до Бугарија, Србија, Словенија, Унгарија и Австрија.

XS
SM
MD
LG