Достапни линкови

Доживотен затвор за водачот на Муслиманското братство во Египет


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Судот во Египет го осуди лидерот на Муслиманското братство Мохамед Бади на доживотен затвор. Египетските медиуми јавија дека Бади, заедно со 36 други водачи и поддржувачи на Братството, беше осуден за поттикнување на насилствата што избија откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси минатата година. Бади веќе е осуден на смртна казна во други два случаи. Судот денеска исто така ги потврди смртните казни за 10 други поддржувачи на Муслиманското братство, повеќето од нив во бегство.

XS
SM
MD
LG