Достапни линкови

logo-print

Руска телевизија забранета во Молдавија


Лустрација.

Лустрација.

Советот за радио и телевизија на Молдавија ја одзема лиценцата за емитување на молдавска територија на руската телевизија Росија 24. Советот вчера исто така одлучи да казни четири молдавски радиодифузери, поради „немање плурализам на мислења за време на информативните програми“. Членот на Советот, Дини Кокан, изјави дека Росија 24 е најлош прекршител со аналитички програми што претставуваат само едно гледиште на украинскиот конфликт. Московската унија на новинари го критикуваше овој потег. Според нив, тоа е крајно непријателски потег кон руските медиуми. Руското Министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека Москва е навредена од одлуката и оти таа ќе има негативно влијание на руско-молдавските односи.

XS
SM
MD
LG