Достапни линкови

Ирански пилот загинал за време на борбите во Ирак


Илустрација.

Илустрација.

Ирански пилот загинал за време на борбите во Ирак, објави државната иранска новинска агенција ИРНА. Според армијата, пилотот загинал додека ги „бранел“ светите шиитски локалитети во градот Самара северно од Багдад. Не е објавено дали пилотот загинал додека летал или во борбите на копно. Иран соопшти дека ќе му обезбеди на својот западен сосед сè што е неопходно во борбата против сунитските милитанти кои ѝ се закануваат на претежно шиитската влада на премиерот Нури ал-Малики. Иранските власти велат дека помошта нема да биде во форма на војници, туку во оружје и опрема ако Ирак тоа го побара.

XS
SM
MD
LG