Достапни линкови

logo-print

И НАТО и Русија на воени вежби во Црното Море


И НАТО и Русија вчера почнаа морнарички воени вежби во Црното Море во услови на затегнати односи меѓу Кремљ и западот поради кризата во Украина. Во вежбите на НАТО во западниот дел на Црното Море учествуваат бродови од САД, Бугарија, Грција, Романија и Турција. Вежбите треба да траат до 13 јули. Руската црноморска флота, пак, распореди околу 20 бродови и повеќе од 20 воени авиони на вежбите кои вклучуваат и гаѓање со ракети. Во меѓувреме, Украина ја продолжува офанзивата против проруските бунтовници на истокот на земјата.

XS
SM
MD
LG