Достапни линкови

Милитантите од Појасот Газа истрелаа низа проектили кон Израел


Милитантите од Појасот Газа истрелаа низа проектили кон Израел за време на протестите поради убиството на палестински тинејџер во неколку градови. Израелската армија соопшти дека гранатите паднале во јужен Израел. Израелската полиција информира дека имало судири во неколку градови со доминантно арапско население. Демонстрантите во градот Калансува синоќа го запреле сообраќајот, нападнале еврејски возачи и ги запалиле нивните возила. Патот до овој град во близина на Западниот Брег е затворен, а спорадичните протести сè уште траат. Судирите почнаа по вчерашниот погреб на тинејџер во Источен Ерусалим, за кој Палестинците веруваат дека бил убиен од еврејски екстремисти како одмазда за убиствата на тројца еврејски тинејџери.

XS
SM
MD
LG