Достапни линкови

Официјална Тирана апелира на воздржаност и ладнокрвност


Министерството за надворешни работи на Албанија во реакцијата околу случувањата во Скопје, искажува загриженост за „насилството што полицијата го применила за време на протестите на Албанците“.

При тоа се бара од македонските власти и надлежните судски институции да гарантираат праведно судење засновано врз докази за шесттемина Албанци.

„Насилството не придонесува во расветлувањето на прашањето и е на штета на меѓуетничките односи и хармонијата меѓу заедниците. МНР ќе продолжи со посебно внимание да ги следи случувањата во Скопје и апелира до страните да покажат воздржаност и ладнокрвност“, стои во соопштението на албанското Министерство за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG