Достапни линкови

ХРВ бара укинување на „репресивниот“ анти-терористички закон во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Хјуман рајтс воч го повика Пакистан да го укине, како што вели, новиот „репресивен“ анти-терористички закон. Законот кој беше изгласан на 2 јули двојно ја зголемува предвидената казна за тероризам на 20 години. Законот исто така им дозволува на безбедносните сили да ги држат осомничените во притвор до 60 дена без да подигнат обвинение или да кажат каде се наоѓаат во моментот. Хјуман рајст воч смета дека новиот закон може да биде злоупотребен за потиснување на мирните политички протести или за задушување на критиките кон владините политики. Новиот закон се носи во време кога пакистанската војска спроведува голема офанзива против талибанците и милитантите поврзани со Ал Каеда во Северен Вазиристан, племенска област на границата со Авганистан.

XS
SM
MD
LG