Достапни линкови

Почина митрополитот киевски и украински Владимир


Митрополитот киевски и украински, Владимир, почина на возраст од 78 години, соопшти прес-службата на Украинската православна црква-Московска патријаршија. Митрополитот Владимир почина од рак во болница во Киев на 5 јули. Украинската православна црква која е дел од Московската патријаршија е најголемата верска заедница во Украина и не ги признава помалите украински православни цркви.

XS
SM
MD
LG