Достапни линкови

Бразил и Германија во полуфиналето


Бразил и Германија одат во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во Бразил. На синоќешната средба од четвртфиналето одиграна во Форталеза, домашните фудбалери ја совладаа Колумбија со 2:1. Стрелци на головите за „Кариоките“ беа централните дефанзивци, Тиаго Силва (7 минута) и Давид Луиз (69 минута). Колумбија се врати во игра со голот од пенал на Хамер Родригез во 80 минута, но до крајот не успеа да го израмни резултатот, иако Колумбијците постигнаа гол, кој по сугестија на помошникот судија поради наводен офсајд беше поништен. Бразил во полуфиналето на 8 јули ќе игра против Германија која во четвртфиналето со 1:0 ја победи Франција.

Денеска на програмата се нови два четвртфинални натпревари. Во првиот ќе се сретнат селекциите на Аргентина и Белгија, а последниот полуфиналист ќе биде победникот од дуелот Холандија Коста Рика. Победниците од денешните натпревари на 9 јули ќе играат во вториот полуфинален меч на Мундијалот, додека во првиот (8 јули) ќе се сретнат Германија и Бразил.

XS
SM
MD
LG