Достапни линкови

Праксата, клуч за успех во кариерата


Стефан Чичевалиев, дипломиран правник, магистер по деловно право.

Стефан Чичевалиев, дипломиран правник, магистер по деловно право.

Студентите на македонските факултети не ја добиваат понудената услуга во образованието која ја избрале и за која плаќаат. Тие се претвораат во пасивни слушатели место во активни учесници во правните процеси, пишува Стефан Чичевалиев, дипломиран правник, Магистер по деловно право, во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Студентите во Македонија постојано укажуваат дека немаат практика за време на студиите што ќе им ја доближи теоријата која ја учат, за подобро да ја сфатат и истата да можат да ја применуваат низ практични примери во животот.

Практично, практиката не се применува. По направеното истражување на Правниот факултет „Јустинијан први“, студентите изразија незадоволство од спроведувањето на ветената „задолжителна“ практика.

Правниот факултет „Јустинијан први“ при Универзитетот Кирил и Методиј од Скопје, им нуди формално можност за практика на студентите. Во Водичот, изработен и објавен во 2007 година, е наведено дека студентите ќе имаат задолжителна пракстика, со задолжителен број на часови за добивање определен број на кредити. Практиката, во зависност од насоката, ќе се одвива во 8, 9 и 10 семестар. Таа ќе се одвива во институции кои се најсоодветни за секоја од специфичните насоки.

Практично, практиката не се применува. По направеното истражување на Правниот факултет „Јустинијан први“, студентите изразија незадоволство од спроведувањето на ветената „задолжителна“ практика. Од 2007-2014 година, покрај програмите од организациите на факултетот (ELSA, AEGEE и др.), факултетот не овозможил пракса на студентите во наведените институции.

Во други држави, високо-образовните установи ја реализираат понудата за практика преку која привлекуваат упис на нови студенти.

За да можеме да направиме разлика помеѓу праксата која се „овозможува“ од Правниот факултет во Скопје и странските правни факултети, ќе наведам два примери, за факултетите во Велика Британија и САД.

Во Велика Британија постои правна пракса како насока за додипломски студии како и за пост-дипломски студии. Покрај можноста за студирање правна практика како посебна насока за студентите по право, постои и задолжителна пракса за студентите кои се определиле за другите модули, во времетраење од три месеци. Задолжителната пракса студентите треба да ја рализираат во текот на целата учебна година.

Студентите на македонските факултети не ја добиваат понудената услуга во образованието која ја избрале и за која плаќаат, се претвораат во пасивни слушатели вместо во активни учесници во правните процеси, до степен до кај што е тоа можно.

Од друга страна, во САД постојат „Правила за студентската пракса“. Тие се прифатени од нивните федерални и државни судови кои им овозможуваат на студентите по право да водат случаи, односно спорови, под супервизија на Адвокат. Сите држави во Федерацијата имаат вакви правила. Овие правила се кодифицирани со државните статути, некои се вклучени во локални судски правила, а некои се национални правила на адвокатската комора.

Од горенаведеното можеме да заклучиме дека студентите на македонските факултети:

1. Не ја добиваат понудената услуга во образованието која ја избрале и за која плаќаат;

2. Се претвораат во пасивни слушатели вместо во активни учесници во правните процеси, до степен до кај што е тоа можно;

3. Немаат правна практика во додипломските студии во различни предмети и

4. Немаат рамки на изучување на предметот правна практика во додипломските и постдипломските студии.

Активното преземање на мерки од страна на правните факултети во Македонија, за примена на ваквите мерки, ќе створи активни и заинтересирани студенти со вистински потенцијал за брзо градење на сопствената приватна пракса по завршување на образованието и ќе доведе до намалување на невработеноста кај младите правници.

На овој начин се постигнува корист за сите: и за поединецот и за општеството.

XS
SM
MD
LG