Достапни линкови

Бугарија на заеднички воени вежби со НАТО


Во Бугарија денеска започнаа заеднички воени вежби на земјата со НАТО во западниот дел на Црното Море. Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека во вежбите ќе учествуваат бродови на поморските воени сили од САД, Грција, Романија, Турција и Бугарија, како и четири разорувачи од поморските сили на НАТО за брза реакција и еден американски патролен авион. Заедничките воени вежби ќе траат до 13 јули, а ќе опфатат обука за реагирање во кризни ситуации.

XS
SM
MD
LG