Достапни линкови

Дачиќ-Независнота на Косово е процес кој се движи напред


Српскиот вицепремиер и шеф на дипломатија Ивица Дачиќ

Српскиот вицепремиер и шеф на дипломатија Ивица Дачиќ

Српскиот вицепремиер и шеф на дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека независноста на Косово е процес кој се движи напред. Според него, земјата полека ги опфаќа институциите и организациите на меѓународно ниво, каде Србија не може да го спречи нејзиниот прием. Тој порача дека главен адут им се ОН, каде Косово не може да влезе без согласност на земјите кои се на нивна страна. Дачиќ изјави и дека Србија е заинтересирана за продолжение на дијалогот со Приштина, но тоа зависи од формирањето навладата во земјата.

XS
SM
MD
LG