Достапни линкови

Почнаа протестите во Чаир поради пресудата за „Монструм“


Архива

Архива

Во скопската населба Чаир во тек се протести на незадоволни граѓани од судската одлука за доживотните казни изречени против 6 мина за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. По петочната рамазанска молитва таму се собра поголема маса луѓе организарани преку социјалните мрежи.

Тие сметаат дека обвинението нема цврсти докази за изречените шест доживотни затворски казни. Алил Демири, браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута беа осудени на доживотен затвор откако беа прогласени виновни за кривично дело тероризам. Обвинетиот Сејди Рами е ослободен бидејќи не се докажа дека е виновен за кривичното дело за кое беше обвинет.

Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште не се екстрадирани од Косово, кадешто одлежуваат казна затвор за недозволено поседување оружје. Токму тие двајца, заедно со Агим Исмаиловиќ се осудени како директни извршители на убиството на младите момчиња, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, како и на рибарот Борче Стефковски. Увиството беше извршено на 12 април 2012 година пред Велигден.

XS
SM
MD
LG