Достапни линкови

Поранешен член на кабинетот на Камерон осуден за прислушкување


Поранешниот шеф за медиуми на британскиот премиер Дејвид Камерон, Енди Коулсон

Поранешниот шеф за медиуми на британскиот премиер Дејвид Камерон, Енди Коулсон

Поранешниот шеф за медиуми на британскиот премиер Дејвид Камерон, Енди Коулсон е осуден на 18 месеци затвор за прислушкување на телефонски разговори додека бил уредник во таблоидот „News of the World“ во сопственост на Руперт Мардок. Целта на прислушувањето биле околу 5500 јавни личности, меѓу кои принцот Вилијам, актерот Даниел Крег, моделот Кејт Мос и поранешниот менаџер на англиската фудбалска репрезентација Свен Горан Ериксон. Поранешната уредничка во таблоидот Ребека Брукс, која исто така беше обвинета во случајот е ослободена.

XS
SM
MD
LG