Достапни линкови

logo-print

Владата ве чести со ваши пари


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Сега и студентите во четврток ќе се возат во ЈСП без пари. 39 илјади семејства нема да плаќаат радиодифузна такса. Трошки на кои осиромашениот народ му се радува. Станува ли збор за стратегија на папочна егзистенцијална зависност меѓу народот и владата која идните генерации дебело ќе ја платат?

Се гордее со секојдневни олеснувања, а всушност гасне пожар и тоа од парите на граѓаните, реагираат експертите и граѓаните на информациите од типот 39 илјади семејства нема да плаќаат радиодифузна такса, студентите ќе се возат бесплатно во автобус еден ден во неделата, а пензионерите на досегашните ќе добијат уште еден бесплатен ден во градскиот превоз.

Ние пензионерите на скијање на Шапка бевме, само немаме скии, сега ќе одиме со возот. Тоа се варки, без потреба гласови се купуваат.

„Ние, народот го плаќа, кој може да го плаќа.“

„Власта од каде има, ако не од народот, од каде е власта.“

Илустрација.

Илустрација.

„Ние пензионерите на скијање на Шапка бевме, само немаме скии, сега ќе одиме со возот. Тоа се варки, без потреба гласови се купуваат.“

„Да, ама тоа треба некој друг да го плати“, реагираат граѓаните на вестите од владата.

Парите се од буџетот, ќе се посегне по некои инфраструктурни проекти, ќе се пролонгираат за догодина или за некои подобри времиња.

Ова е социјална политика која што не е поставена на здрави основи и која само ги продлабочува социјалните разлики, посочува професор Христо Карталов.

„Парите се од буџетот, ќе се посегне по некои инфраструктурни проекти, ќе се пролонгираат за догодина или за некои подобри времиња, некои зафати во образованието, тоа им е најлесно, тоа може да се одложи, да почека, а сега е важно да се гасне пожарот, да се легитимираат како влада или партија што ги исполнува своите ветувања“, вели Карталов.

За оваа убава приказна, сметката ќе се плаќа во иднина и таа може да биде поприлично висока, додава Карталов. Во таа приказна, коментираат експертите, се успешно вклопени и јавните претпријатија од типот на ЈСП и МТВ кои што и воопшто не се претпријатија туку парадржавни институции кои не се оспособени самостојно да се борат на пазарот. Државата не ги оспособува, пред сè за да може да ги стави во своја функција кога тоа е потребно, додава Карталов.

„Ги користи, секогаш тоа е една фина лага во која може да се најде вработување за своите послушни членови, заслужни членови, владата е таа која го толерира нерационално, недомаќинско работење со тие средства кое сите ние го плаќаме“, вели Карталов.

Вистинската социјална политика, велат експертите, треба да се води во доменот на пазарот на трудот кој како и да не функционира. Тоа би значело отворање на можности за вработување според реалните способности и квалитети наместо посегнување по популистички и краткорочни методи, порачува Карталов.

XS
SM
MD
LG