Достапни линкови

logo-print

Путин со честитка до Обама по повод 4 јули


Рускиот претседател Владимир Путин повика на подобри односи со Соединетите држави во честитката до претседателот Барак Обама по повод Денот на независноста на Соединетите држави, 4 јули. „Русија и Соединетите дражви како земји кои имаат искличитлна одговорност во чувањето на меѓународната стабилност и безбедност би требало да соработуваат во интерес на целиот свет“, се наведува во пораката на Путин. Русија и Соединетите имаат замрзнати односи по руската анексија на украиснкиот полуостров Крим. Вашингтон од февруари годинава нема амбсадаор во Москва. Пред два дена Путин изјави дека Вашигтон ја уценува Европа за да ја запре економската соработка со Русија.

XS
SM
MD
LG