Достапни линкови

Во Летонија НАТО центар против руската пропаганда


Летонија најави отворање стратегиски центар за комуникации во Рига, со поддршка на НАТО, за спротивставување на обидите на Москва да влијае врз големото руско малцинство во балтичките земји во текот на украинската криза. Балтичките земји ја осудуваат пропагандата на Русија во медиумите на руското малциство кое во Летонија и во Естонија е една четвртина од целата популација. Летонскиот премиер Лаимдота Страујума изјави дека Русија води информациска војна во таа поранешна советска република која во 2004 година влеа во Европската унија. „Летонската влада не дозволува на странски земји да и се мешаат во внатрешните работи и да ја поткпопуваат државата“, рече тој во парламентот.

XS
SM
MD
LG