Достапни линкови

Киев: убиени 150 милитанти во близина на Словјанск


Портпарол на украинската армија која учествува во операциите во источна Украина денеска изјави дека владините сили убиле 150 милитанти во градот Миколаивка, во близина на Словјанск, во регионот на Доњецк. Во борбите кои почнале вчеравечер, според него, загинал еден украиснки војник, додека четворица други биле ранети. Борби имало и близина на селата Пески и Карливка, но нема извештаи за жртви.

XS
SM
MD
LG