Достапни линкови

logo-print

Зошто Мундијалот во Бразил е толку возбудлив?


На само уште неколку натпревари до завршувањето, Светското фудбалско првенство во Бразил веќе е оценето како најдоброто досега. Аналитичарите и фудбалските фанови веќе почнаа да ја анализираат играта на Мундијалот и да даваат можни одговори на прашањата: зошто и дали тоа може да се повтори по четири години?

Игнорирајќи го фактот дека турнирот во ваква форма постои само од 1998 година, од головите во последна минута на репрезентациите на Швајцарија, Грција и Аргентина, до промашувањата во последна минута на екипите на Алжир, Чиле и САД, дефинитвно може да се каже дека станува збор за еден од највозбудливите Мундијали досега.

Ако прашате типичен навивач зошто овој спорт му е интересен, ќе слушнете два одговора: „тесен резултат“ и „многу голови“.

Општо земено, во фудбалската игра има многу мечеви кои завршиле или до крајот биле со тесни резултати, но не и со многу погодоци. Токму тоа се смени на Мундијалот во Бразил, каде што има многу голови.

Во првите 56 натпревари на првенството пред четири години во Јужна Африка просекот беше 2,2 голови, а сега во Бразил 2,8. Тој екстра гол на секој втор натпревар некогаш е и решавачки за конечниот резултат, што ги прави мечевите непредвидливи и возбудливи.

Општо земено, во фудбалската игра има многу мечеви кои завршиле или до крајот биле со тесни резултати, но не и со многу погодоци. Токму тоа се смени на Мундијалот во Бразил, каде што има многу голови.

Сепак, зошто има толку многу голови? Тоа секако, како што покажува статистиката, не е поради големиот број шутеви на гол.

Во Бразил, според ФИФА, досега имало 1513 шутеви, а на претходниот куп во исто толку натпревари дури 1810. Но, процентот на реализирани шутеви сега е поголем од 2010 година. Тоа покажува дека фудбалерите од нападот се подобри од оние во одбраната.

Прашањето е дали високиот процент е случаен или е поради вештината на играчите. Ова е главното прашање и за фубалските аналитичари, односно дали напаѓачите шутираат откако ќе си направат добра позиција да постигнат гол.

Значи, големиот број на шутеви не придонесува за многу голови, туку нивното квалитетно изведување. Се дебатира и за тоа дали ова е поради подобрените вештини на напаѓачите или влошените на одбранбените. Исто така е можно стрелците да немале многу среќа на претходното првенство во Јужна Африка.

Секако тука е и играта на средината на тернот преку која мора да се пренесе топката за да може да се шутира на голот. На Мундијалот во Бразил, помалку се шутираше отколку пред четири години и поради подобрата игра на фудбалерите во средниот ред.

Но, квалитетот на она што е шутнато на гол е повисок, всушност многу повисок, што, според аналитичарите, покажува дека одбранбените играчи не си ја вршат работата многу добро.

Значи ако ФИФА сака Светското првенство во Русија во 2018 година да го направи повозбудливо од сегашното, ќе треба само да им испрати јасна порака на селекторите и тренерите на националните репрезентации. Оставете ги своите најдобри одбранбени фудбалери дома.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG