Достапни линкови

Загинати и ранети во уривање на надвозник во Бразил


Бело Хоризонте

Бело Хоризонте

Надвозник во изградба се урнал во Бело Хоризонте, еден од градовите домаќини на Светското фудбалско првенство во Бразил, при што две лица загинале, додека дваесетина други биле повредени. Новинските агенции, повикувајќи се на досегашните извештаи, јавуваат дека меѓу жртвите немало странски туристи. Се урнал надвозник преку главниот пат кој не бил завршен на време, односно пред почетокот на Мундијалот. Несреќата се случила на пет километри од стадионот Минеирао каде што се играа неколку мечеви од Светското првенство и каде што во вторник ќе се игра еден од полуфиналните натпревари.

XS
SM
MD
LG