Достапни линкови

logo-print

Волерс: Горди сме на пријателството со Македонија


Ние сме горди на нашето пријателство со Македонија и се гордееме со врските што ги имаме. Посакувам тоа да расте и да се зацврстува и секогаш да ги почитуваме вредностите кои ги споделуваме, изјави вечерва американскиот амбасадор Пол Волерс на приемот во Амбасадата на САД по повод 4 Јули - Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.На прославата на која присуствуваа претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, на Парламентот Трајко Вељаноски, министри во Владата, академици, бизнис и интелектуалната елита, претставници на верските заедници, дипломатскиот кор и други гости, амбасадорот Волерс посочи на многуте врски меѓу двата народа, војувањето во Ирак, програмите за размена и придонесот на работната сила во американските компании.

XS
SM
MD
LG