Достапни линкови

Поранешни либиски бунтовници присуствуваа на филмски фестивал во Сараево


Повеќе од 100 поранешни либиски бунтовници се собраа во главниот град на Босна, Сараево, за да присуствуваат на премиерата на документарниот филм за нивната борба против режимот на Муамер Гадафи. Францускиот режисер Флорент Марси го прикажа неговиот четиричасовен документарен филм "Утре, Триполи" на 3 јули за прв пат на „Топлиот сараевски филмски фестивал , настан кој е организиран од страна на воените репортери. Марси отпатува во Либија кусо време откако почна бунтот во февруари 2011 година и помина осум месеци на снимањето заедно со непријателските борци. Неговиот документарен филм ги отсликува секојдневните искуства на борци во Зинтан, западниот либиски град кој беше меѓу првите што падна во бунтовнички раце.

XS
SM
MD
LG